Фестивал на скокање врз бебиња

Фестивал на скокање врз бебиња

Ваквата традиција на скокање врз бебиња е дел од El Colacho фестивалот, кој наводно се одржува од 1620 година, иако неговото потекло не е доволно јасно. Фестивалот започнува обично како и секоја шпанска фиеста, шарено украсени улици и шпански знамиња. Се организира поворка до и од црквата, а потоа фестивалот масовно се одбележува. Фестивалот е подготвен од страна на Santisimo Sacramento de Minerva. Членовите на ова братство се облекуваат како El Colacho или el Atabalero: ѓаволот и неговиот придружник. Потоа започнува чудниот ритуал. Бебињата се поставуваат на душек на истата улица која води до црквата. Се поставуваат само оние бебиња кои се родиле по последниот El Colacho фестивал. Мажи облечени во костуми скокаат врз бебињата, со цел да ја тргнат лошата среќа од нив што може да ја следи во текот на нивниот живот.

.

Придружи ни се на Facebook


Прочети цялата публикация
Коментари

Tози сайт използва "Бисквитки". Научи повече Приемам

Моля, запознайте се с нашите Общи условия и Политика за поверителност